top of page

Историјат

35 години заедно растеме

Изворче-Монтесори е автентична, акредитирана и почитувана приватна градинка лоцирана во Скопје. Нашата приказна започна во 1991 година

1991

Приказната започнува како вон-системско образование на деца од предучилишна возраст.

1996

Во 1996 година, после посета на "Opera Nazzionalle" во Рим, основана од д-р Марија Монтесори, единствено автентично тело за Монтесори едукација во Република Италија, го прифативме и започнавме со проучување и примена на Монтесори методот.

2006

Светот славеше 100 години  постоење на Монтесори едукација. М-р Елена Марковска беше амбасадор на Изворче-Монтесори и на Југоисточно Европската Монтесори Асоцијација, на престижен настан во Амстердам — седиштето на Монтесори Интернационалната Асоцијација. Монтесори фабриката од Италија донираше автентични материјали за Центарот за обука.

2009

Во 2009 година заради потребите на едукација на вработениот кадар, нашата мисија и едукација продолжи во САД. Во соработка со Интернационалниот Монтесори Совет м-р Елена Марковска потпиша договор за нивен консултант и започна со едукација на повисоко ниво.

2010

Во 2010 година заради потребите на Југоисточно Европска Монтесори Асоцијација издадовме комплет учебници за обука на воспитувачи, учители и родители. Истите беа признаени и потврдени од еминентни имиња во Монтесори светот, тренери од Италија, Холандија и САД. Во 2010 година нашата програма ја заштитивме во Патент Центар, дел од законодавните тела за авторско право на Република Северна Македонија.

2011

Во 2011 година, Министерство за труд и социјална политика го прифати нашето барање за регистрација и признавање на Изворче-Монтесори како единствена и автентична Монтесори Куќа за деца. Куќа за деца е термин кој доктор Марија Монтесори го предложила за институции кои работат со деца на возраст од 2 до 6 години. Регистрацијата и признавање, како и одобрение за користење на името Монтесори го заслуживме после 3 меѓународни акредитации

2019

Од 2019 година Изворче-Монтесори е место каде се одвива практична и теоретска обука не само на лица од Република Северна Македонија, но и Република Турција, Србија, Бугарија. Веќе 7 години правиме летни школи и редовни обуки на заинтересирани студенти и вработени.

2020

М-р Елена Марковска доби диплома за Монтесори едукација за адолесценти и стана една од ретките носители на сите 4 развојни циклуси (3–6, 6–9, 9–12, 12–18 години).

2025

Во 2025 година таа започна докторски студии на Универзитетот во Хјустон (каде живее и работи од 2013 година), и паралелно е докторант на Педагошкиот Факултет Св. Климент Охридски во Скопје.

2026

М-р Елена Марковска слави личен јубилеј — 20 години во Монтесори едукација — и го доби највисокото признание: обучен On-Site Verifier со експертиза во евалуација на Монтесори образовни програми.

Запознајте ги нашите едукатори

Тим едукатори се состои од 10 члена од кои некои се веќе деценија со нас. Сите воспитувачки се со базична Монтесори едукација.

За вработените секое лето вршиме предавања за имплементација на новините во областа на ран детски развој.Нашите обуки како и практичната примена на Монтесори едукацијата сепризнаени од тренинг центри во Лондон, Милано, Стокхолм, Канада и САД.

IMG_5630.jpg

Божана Марковска

Основач / сопственичка · психолог · Гешталт и трансакциона терапевт · Монтесори едукатор

  • Пред повеќе од 27 години, тргна кон остварување на својата мисија, да овозможи квалитетно образование за деца, во периодот во кој децата најмногу ги развиваат своите капацитети.

  • Божана Марковска е дипломиран психолог, Гешталт, психотерапевт, лиценцирана за трансакциона терапија, Монтесори едукатор за предучилишно ниво.

  • По завршувањето на гимназијата продолжува со своето образование на Филозофскиот факултет во Скопје како една од првата генерација дипломирани психолози. Подоцна добива диплома по Гешталт психотерапија и ја отвори првата приватна градинка во Македонија пред 27 години.

  • Во 1996 година, со поддршка на OPERA NAZIONALE MONTESSORI на Италија, тие беа првите што го започнаа Монтесори во Македонија.

  • Во 2007 година градинката Монтесори Изворче беше прогласена за модел на предучилишна установа за Југоисточна Европа. За практична имплементација на Монтесори педагогијата таа предавала на 5 универзитети во 5 различни земји.

  • Во моментов, Божана е целосно посветена на децата од нашата градинка.

unnamed.jpg

Елена Марковска

Програм директор / сопственичка · педагог · Монтесори тренер · Монтесори Лидер · автор и предавач

  • Таа е Монтесори едукатор за ниво од 3-6 и од 6-9 години. Северно-Американската Асоцијација ја потврди како Монтесори програмски координатор и едукатор за деца од предучилишно и училишно ниво.
    Од 2014 година e преседател на Југоисточна Европска Монтесори Асоцијација.
    Монтесори педагогијата ја преставуваше на Педагошките факултети во Скопје, Сандаски (Република Бугарија), Елбасан (Република Албанија).
    Интензивно пренесува искуства од Монтесори едукацијата и од Канада, САД и Мексико.

    Со најголема радост ги споделуваме најновите достигнувања на нашиот докторант Елена Марковска​

    Во 2026 година таа слави личен јубилеј, 20 години во Монтесори едукација. Таа е носител на АМИ Дипломи за едукација од 3-18 години, а и за Лидер. Оваа година таа го доби највисокото признание - обучен On-Site Verifier со експертиза во евалуација на Монтесори образовни програми, проверка на акредитациски стандарди и поддршка на квалитет во образованието. Елена е докторант во САД и Македонија. Ние сме горди што таа го води нашиот тим.

Изворче Монтесори е Куќа за деца со 35 години искуство и единствена во Македонија

Кои сме ние?

Работиме по автентична и акредитирана Монтесори програма (АМІ)

 

Имаме тим од високо едуцирани професионалци

 

Имаме едукатор кој меѓународно едуцира водителки во детскиот развој за работа со деца од 0-18 години

 

Вклучени сме во меѓународни проекти и соработки

 

Нудиме индивидуален пристап за секое дете

 

Обезбедуваме богата програма и развојни материјали

 

Го следиме и поддржуваме целокупниот развој на детето: когнитивен, емоционален, академски.

 

Едуцирани сме да му помогнеме на детето да развие самостојност, висок мотив за учење, љубопитност

 

Располагаме со богат асортиман на материјали за развој на детскиот потенцијал

Што учи вашето дете кај нас?

​Да биде самостојно и независно, како и да развие лидерски и организациски искуствада има силна само доверба, фокус, интереси за разни активностида препознава и зборува за своите чувства (развој на емоционална интелигенција)да комуницира (социјална интелигенција)да развие социо емоционален потенцијал (емпатија, здрави односи)да создаде солидна база за академско учење, љубов кон наука, ЅTЕМ активности основна конверзација на англиски јазик како и игри и песничкиразвиваме груба моторика и телесен развој преку танц, балет и фискултурни вежбиПрограма Монтесори (АМІ) - индивидуален профил за секое дете, препознавање и развивање на таленти

Што добива вашето семејство

  • ​Редовни индивидуални средби со едукатори ( психолог со експериза за Гешталт и трансакциона терапија и воспитувачи)

  • Едукација и поддршка за успешно/среќно родителство

  • Настани каде што родителите ќе се запознаат со останатите родители и тимот

  • Заштеда на пари за дополнителни активности (се има тука)

  • Заштеда на време (попладневно квалитетно време поминато со вашето дете)

photo_2026-06-21_21-44-21.jpg

Изворче Монтесори е Првата Приватна Монтесори градинка  во Република Северна Македонија.

+389 70 397 278  izvorche@hotmail.com

  • Youtube
  • Facebook
  • Instagram

Contact us

© 2026 by Izvorche Montessori. Powered and secured

bottom of page