Често поставувани прашања
Зошто детето кај нас подобро управуваат со своите емоции?
Бидејќи почитта, трпението и активното слушање се дел од секојдневието. Не сеработи само за „добро однесување“, туку за тоа детето да научи да ги разбере своитечувства, да ги препознае и свесно да одговори на нив.
Зошто средината е толку структурирана?
Во автентична Монтесори средина сè има свое место и причина. Структурата мупомага на детето да се чувствува сигурно, полесно да се снаоѓа, да стане понезависнои да развива чувство за ред и одговорност. Надворешниот ред помага во создавањевнатрешен ред.
Зошто раката е инструмент на интелегенцијата?
Кога детето работи и манипулира со предмети, ги активира меморијата, сетилата идопирот. Свесните и намерни движења го зајакнуваат нервниот систем и ја насочуваатнеговата енергија.Кога телото активно учествува во учењето, умот станува поорганизиран и подготвен заподлабоко разбирање. Знаењето добива форма преку рацете.Во намерна и свесна работа, детето не само што учи, туку и гради мислење и разбирање.Раката станува инструмент на умот, а преку активноста детето полесно ги разбира иапстрактните поими.
Можат ли децата да прават што сакаат секогаш?
Во Монтесори средината слободата и структурата се во рамнотежа. Детето има слободана избор, но во јасно подготвена средина со материјали за развој (не играчки) кои јапоттикнуваат љубопитноста и интересот.Секој тивок момент е можност за длабоко учење. Одржливото внимание се развива когасопствениот интерес и внатрешниот мир делуваат заедно.Слободата на избор, учењето со сопствено темпо и почитувањето на индивидуалноста сетемели на Монтесори едукацијата. Внатрешната дисциплина се гради кога детето имаможност да избира, да повторува активности кои му даваат сигурност и да функционираво средина со јасни и стабилни граници.На тој начин детето развива сопствен стил на учење, учи да одлучува, да се саморегулираи да се концентрира. Автономијата што ја гради не е изолирана цел, туку пат кон развој настабилна и трајна самодисциплина.
Како вашите деца се прилагодуваат во училиште?
Нашите деца брзо се прилагодуваат во училиште затоа што уште во рана возрастразвиваат внатрешна мотивација за учење, самодоверба, концентрација, критичкоразмислување и саморегулација.Монтесори едукацијата ги подготвува за живот надвор од училницата, во реалниот свет.Преку секојдневни активности тие развиваат прилагодливост, соработка и вештини зарешавање проблеми.Овие се животни вредности кои се вградуваат во нивниот карактер и ги придружувааттрајно во нивниот развој.
Зошто се викаат материјали, а не играчки
Монтесори материјалите не се играчки затоа што не се едноставни предмети, тукувистински тивки водачи – мајстори. Тие нудат можности, предизвикуваат истражување,поддржуваат автономија и со нив секое дете гради сопствен пат на откривање. Со помошна овие материјали знаењето не се пренесува туку се откива и усвојува. Вака чекор почекор детето развива не само знаење туку и концентрација, натрешен ред и доверба восопствените способности
