top of page

Монтесори родителство

Позитивно Родителство
 
Градење здрави врски меѓу детето и родителот. Пример како градиме социо-емоцијална интелегенција во Изворче-Монтесори

 

Зошто​ моето дете повторува не?

Зошто моето дете одбива играчка или активност?

Зошто моето дете плаче дури и кога го гушкам?

Зошто и како да имам трпение во моменти на криза?

,, Зошто моето дете кажува често "не" и одбива понудена играчка или активност? И зошто е оваа фраза многу важна?Разбирање и поддршка преку Монтесори Пристап

Зошто дете на 2 години секој втор збор му е “не” ?

Кога детето е на оваа возраст не знае многу зборови.Тоа сеуште не може да објасни дали сака или не сака нешто, не емоментална реакција. “Не” е тест за нас возрасните.“Не” е чекор до независност на децата.Преку “не” детето гради автономност и самостојност.

Тестирање и Комуникација

Кога детето кажува “не” тоа тестира граници. Дете пред 6-та година незнае што е добро, а што лошо и реално не знае што сака. Со повторувањена “не” тоа учи. “ Не пипај таму!“ Дали сакаш сок? - Не”, понудете млекоуште едно ”не”, понудете овошје ”не” и ја бутка чинијата. Ова ги фрустриравозрасните, а понекогаш е забавна игра за децата. ”Мама/тато се лутаткога викам не. Кога викам не ми даваат и сокче и млеко и бисквити”. Детена возраст од 2 години знае околку 50 збора и "не" е најчесто употребуванзбор.

Потреба да не контролираат и емоционален развој

Кога детето почнува фаза на “не” ние правиме се што можеме за да муугодиме. Наеднаш стануваме креативни кога сечеме овошје. Но, не доаѓадури и кога се јаболките совршено излупени и исечени само затоа шточинијата е сина, а требало да биде црвена. Штом детето примети дека имамоќ над возрасните и “не“ е волшебен збор за да добие што сака започнуванеговата самостојност.Тоа само бира што, кога, каде и колку. Ние само треба да го следиме. Например, се спремате да одите во парк, и додека го облекувате џемперчетого прашате, “Дали сакаш да земам камионче за да си играш?” и тоаодговори “не”, бидете спремни кога ќе стигнете ако го нема омиленотокамионче во ранче да почне да плаче. Камиончето му е емоционалнаподдршка бидејќи малите деца не сакаат да делат играчки и ретко сезаигруваат со непознати деца во парк.

Зошто фазата “не ” е многу важна и како да ја поминеме полесно?

Кога детето повторува “не” тоа е многу нормалнои колку почесто повторува толку е подобро за него. За нас, не е баш забавно. Дневно во просек 238 пати детето ќекаже гласно или во себе “не”. Многу нели? “Не” за ракавици кога студи, “не” за мармаладот што вчера го одбра запалачини, “не” за книгата што цела недела ја читаме. Позната ви е фразата “ужасна е возраста кога е детето 2годишно”. Но, ова дете расте и брзо се развива. Го апсорбира светот и се околу себе несвесно. Неговите неурони сенаше огледало, тие зборуваат, одат и се однсеуваат како нас бидејќи учат преку имитација. Со секое “не” дететовежба како да се однесува и што да прави во различни ситуации. Не знае зошто и ние викаме “не” кога ќе биде воопасност или кога ќе направи беља. Се потсмева и со прстето покажува “не” точно пред да фрли играчка или дабутне чаша со сокче. Но тоа не го прави затоа што е лошо, и тоа е збунето од правилата на возрасните. Тоа само штозапочнало да биде независно, научило само да јаде и може да оди без помош и сега треба да се адаптира во светотна возрасните . Сосема е нормално да биде збунето и фустрирано, замислете колку е тешко на ова малечкодетенце!Од перспективата на Монтесори, ваквите моменти не се „непослушност“, туку можност за учење и развој на емоционална интелигенција.

Како да одбегнете фрустрации и плачки? И како да имате помалку главоболки и да се чувствувате виновно инеуспешно како родител?

Давајте избори. “Сакаш сокче и пица или млеко и бисквита”? Барем едно од понудените нема да биде не. Немојте веднаш да се откажете дури и да биде не за двете понуди. Можеби не е ни гладно ни жедно во тој момент. Обидете се повторно после 15 минути.

Охрабрувајте независност. Дајте им време да вежбаат да облечат или соблечат чорапче. Штом видите дека е фокусирано и упорно во било која активност останете настрана. Грешиме кога сме на брзање и очекуваме и децата да го следат нашиот ритам. Тие се бавни и минијатурни верзии на возрасен. Сеуште немаат координирани движења ниту пак им се брза.

Давајте им комплименти. Не користете комплименти како “браво”, “леле колку убаво изеде”, “ајде покажи колкубрзо можеш да ја испразниш чинијата”. Заменете со, “денес си навистина гладен твојот апетит беше голем. Сегакога имаш сила дали сакаш да ми помогнеш да ја ставиме чинијата во мијалник. Вчера приметив дека кога седигаш на прсти можеш сам да ја ставиш”.

Кажувајте “да” за да им стане дел и од нивниот речник. “Кога беше помал не ти дававме да пиеш од стаклена чашабидејќи беше тешка и се плашевме дека ќе се повредиш. Денес дали сакаш да пиеш сокче од оваа чаша”? (чашата иако е стаклена треба да биде мала за да може детето да ја зграби и само да се напие и истата да ја врати на маса). .

Позитивно Родителство
 
Градење здрави врски меѓу детето и родителот. Пример како градиме социо-емоцијална интелегенција во Изворче-Монтесори

 

,, Вознемиреност и тантруми кај деца од предучилишна восраст: Разбирање и поддршка преку Монтесори пристап"

Зошто​ моето дете е вознемирено?

Зошто не можам никаде да одам без да плаче?

Зошто моето дете не ме слуша?

Зошто има излив на силни негативни емоции?

Како да постигнеме здрава покорност

Зошто казните не помагаат?

Кога детето е во тантрум, неговиот мозок е во состојба на емоционален„пожар“. Казните, викањето или срамот само ја зголемуваат тензијата.

Наместо тоа, емпатијата и границите поставени со љубов градат довербаи сигурност.

Детето учи дека е во ред да чувствува — но постојат прифатливи начини да ги изрази тие чувства.

Разбирање, прифаќање и поддршка

Сите родители и воспитувачи ги познаваат тие моменти — солзи, викање,трескање врата или паѓање на подот? Но вистината е: тантрумите не се лошо однесување.Тие се начин на комуникација.Малите деца сè уште не знаат како да ги контролираат силните емоции.Нивниот мозок е во развој, па кога ќе се почувствуваат фрустрирани,преплашени или уморни — реакцијата е бурна.

Монтесори совет за родителите

Со трпение, разбирање и љубов, ги учиме децата да ги препознаваат ирегулираат своите емоции — чекор по чекор.Дома читајте приказни или коментирајте случки на пр. Кога бев мала игравжмурка и кога не можев да ги најдам другарите се исплашив. Чувствувавдека се потам, срцето ми чукаше побрзо, трчав наоколу и ги довикувавнивните имиња. Кога првото другарче истрча кон мене се насмевнав, меоблеа топлина, срцето почна нормално да ми чука.Веќе не бев исплашена, сега бев среќна и продолжив да играм.

Тантрумот е интензивна емоционална реакција што настанува кога детето е преплавено од чувства што не знае како да ги изрази на соодветен начин – гнев, фрустрација, разочараност, умор или глад. Во предучилишна возраст (2–6 години), делот од мозокот задолжен за самоконтрола и логично размислување сè уште се развива, па затоа детето не може секогаш да се „смири само“. Од перспективата на Монтесори, ваквите моменти не се „непослушност“, туку возможност за учење и развој на емоционална интелигенција.

Тантрумите најчесто произлегуваат од:

Потреба за автономија – детето сака само да направи нешто, но не успева;

Промени во рутината – ненадејни прекини или транзиции (на пр. прекин на играта за да се оди дома);

Преголема стимулација – премногу звуци, луѓе или активности;

Неисполнета основна потреба – глад, замор, жед, потреба за внимание или утеха.

Со набљудување и емпатија, возрасните можат да препознаат што го предизвикува тантрумот и да му помогнат на детето да научи да ги именува своите чувства.

Во Монтесори средините, целта не е да се „сопре“ бесот, туку да се создаде безбедна средина во која детето може да се изрази и регулира.

 

Практични насоки:

Останете смирени. Вашата смиреност е сидро за детето. Ако вие се вознемирите, детето ќе се чувствува уште понесигурно.

Признајте го чувството. Наместо „Престани да плачеш!“, кажете: „Гледам дека си вознемирен/а затоа што сакаш да продолжиш да играш.“

Создадете „безбеден простор“ за изразување. Може да биде тивок агол со перниче, кукла, книга или сет за сензорно смирување.

Понудете избор. Дури и едноставна одлука („Сакаш ли прво да се измиеш или да се пресоблечеш?“) дава чувство на контрола.

Разговарајте по смирувањето. Кога детето се смири, разговарајте за слученото: „Што мислиш, што ти  помогна да се чувствуваш подобро?“Така го градите неговото разбирање за сопствените емоции.

grupna 3.jpg

Видете што велат родителите

"Благодарам што не сте само воспитувачи, туку и херои во детството на нашите деца. Со Вашата топлина, трпение и неизмерна
љубов, градите сигурни мали светови во кои тие растат во самостојни, самоуверени и љубопитни личности. Ви благодарам што го
препознавте и произнесовте потенцијалот на Јована на највисоко ниво и што го негувате нејзиниот уникатен развој. Задоволство
беше да се биде дел од ова семејство. Благодарам што постоите."

Елена Димов

"Изворче Монтесори е најдобриот избор кој го направивме за нашите две деца.Основите на интелектуалноста и љубопитноста, емпатијата и солидарноста кои ги стекнаа тука, се нешто што засекогаш ќе живее вонив. Со годините и животните искуства, тие само ќе се надградуваат и ќе растат во истиот благороден правец.Благодарност до сите кои со љубов, трпение и посветеност го создаваат ова посебно место за растење."

Ивана Митич Јаневска

"Ви благодариме за инспиративниот начин на кој ги водите децата. Да ја видиме Ника како со самодоверба, сигурност и ентузијазамучи и вежба за проектот е најубав доказ за вашата посветеност. Тоа што го правите се гледа во децата – полека растат восамоуверени, самостојни и способни личности."

Марина Георгиева

photo_2026-06-21_21-44-21.jpg

Изворче Монтесори е Првата Приватна Монтесори градинка  во Република Северна Македонија.

+389 70 397 278  izvorche@hotmail.com

  • Youtube
  • Facebook
  • Instagram

Contact us

© 2026 by Izvorche Montessori. Powered and secured

bottom of page